На Генералното собрание се водеше дебата на тема: патеки на опоравување,- одржливоста на туризмот и новите предизвици. Се разговараше за мерките и активностите што се преземаат во услови на економска рецесија и појавата на грипот Х1Н1 кои имаат силно влијание врз туристишките патувања, ни изјави директорот на Агенцијата за развој на туризмот, Стрезоски. Тој во Казахсатан остварил повеќе билатерални средби со своите колеги од Италија, Индија, Индонезија, Полска, Шпанија, Австралија, Кина и други, на кои се разговарало за воспоставување на соработка на полето на туризмот и размена на искуства од аспект промоција на туризмот.
За нов генерален секретар на Светската туристичка организација делегатите во Казакстан го избраа Талеб Рафаи од Јордан кој добил покана од нашата делегација да ја посети Македонија. На Генералното собрание станало збор и за последиците од економската криза врз туризмот кој според најновите проекции и предвидувања на Светската туристичка организација во 2009 на светско ниво бележи негативен тренд кој се движи од -4 до -8%.
Македонија за прв пат на Генерално собрание на Светската туристичка организација
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com