Падот на сега веќе екс селектор Мирсад Јонуз беше на дуелот со Ерменија на арената “Филип втори“ кога одигравме (не)очекувано 2-2. “Црвено-жолтите“ предводени од велшанецот Џон Тошак можат да наговестат подобри денови токму од овој натпревар против Ерменија која конкурира за првите две места кои водат ЕП.
Во останатите мечеви од нашата група ќе се сретнат Андора – Р. Ирска и Словачка – Русија.
Табела: Русија 17 бодови, Р. Ирска 15, Ерменија 14, Словачка 14, Македонија 7, Андора 0.