Македонската ракометна репрезентација се наоѓа во вториот шешир за ждребката за квалифиикациите за Европското првенство 2016 година.
Со континуираниот настап на големите натпреварувања македонската селекција направи чекор понапред и од третиот шешир се префрли во вториот што ќе значи полесни противници во групата.
Од групите пласман на Европското првенство ќе обезбедат двете првопласирани селекции и најдобрата третата. Македонија во вториот шешир се наоѓа со Исланд, Германија, Русија, Шведска, Белорусија и Норвешка.
Шешир 1 :Данска, Шпанија, Хрватска, Франција, Србија, Унгарија, Словенија
Шешир 2 : Исланд, Германија, Македонија, Русија, Шведска, Белорусија, Норвешка
Шешир 3 : Австрија, Чешка, Црна Гора, Словачка, Литванија, Португалија, Холандија
Шешир 4 : БиХ, Израел, Летонија, Швајцарија, Украина, Турција, Финска
Мх.П.