Ракометната репрезентација на Македонија е 16 рангирана на листата на ЕХФ која ќе биде база за ждрепката која на 12 април ќе се одржи во Белград. Пред Македонија се Франција како актуелен европски првак и Србија, која е домаќин на првенството, кои се директно квалификувани и тоа ја става Македонија на 14. место.


Ќе бидат формирани 7 групи со по 4 екипи, а од секоја група по две репрезентации ќе се пласираат на првенството.

1. Шешир: Хрватска, Данска, Полска, Германија, Норвешка, Шведска, Унгарија

2. Шешир: Шпанија, Исланд, Чешка, Словенија, Русија, Словачка, Македонија

3. Шешир :  Австрија, Ц. Гора, Белорусија, Украина, Романија, Босна и Херцеговина, Холандија

4. Шешир : Португалија, Швајцарија, Грција, Литванија – плус три репрезентации од претквалификации

Ohridnews