Македонската репрезентација во Футсал во осмиот обид успеа да ја совлада на соодветната селекција на Полска. “Црвено жолтите“ во вториот натпревар одигран во Скопје славеа со 3-2.


Полјаците поведоа преку Кубик, Љубомир и Јованоски го свртеа резултатот во полза за Македонија. Кусија се погрижи резултатот да биде изедначен  додека конечните 3-2 ги постави Јованоски.


Во сите елементи на играта бевме подобри од противникот. Желбата за триумф беше видлива, одигравме одговорно, дисциплинирано и сите дебитанти ја искористија укажаната шанса во “црвено жолтиот“ дрес. Двете средби со Полската репрезентација ни беа одличен тест за престојните квалификациите во СП 2012 кои се играат во септември – изјави по мечот селекторот Валентин Скендеровски.

ohridnews