Селекцијата на Италија во Удине на „Фриули“ стадионот ќе ја пречека Македонија во квалификациите за Светското првенство во Русија за две години.
Натпреварот од деветтата рунда во квалификациската Г група ќе се одигра на 6 октомври следната година.
Во првиот меч кој двете селекции го одиграа на „Филип Втори“ арената славеше гостинскиот состав по многу возбудувања со 3-2.
По три одиграни мечеви во групата Италија има седум бодови и ја дели првата позиција на табелата со Шпанија, а Македонија без бодови се наоѓа на петтото место.
OhridNews