Македонската ракометна репрезентација во ждребот за Европското првенство во Данска се најде во третиот шешир. На континенталниот собир Македонија обезбеди пласман по победата над Португалија во последната рунда од групата.

Македонија противниците во групната фаза од ЕП ќе ги добие од првиот, вториот и четвртиот шешир. Во третиот заедно со Македонија се наоѓаат Белорусија, Полска и Унгарија.

Шешир 1 : Данска, Србија, Хрватска,  Шпанија

Шешир 2 : Чешка, Исланд , Франција, Шведска
 
Шешир 3 : Македонија, Белорусија, Унгарија, Полска

Шешир 4 :  Норвешка, Австрија, Црна Гора, Русија.

Мх.П.