Европската куќа на фудбалот (УЕФА) даде зелено светло за формирања Лига на Нации, која треба да почне да функционира од 2018 година.

Лигата на Нациите ќе биде составена од четири лиги во кои селекциите ќе бидат поделени по моменталниот ранг на ФИФА рејтинг листата.

Поради слабиот ранг Македонија би требало да стартува од третата лига каде ќе бидат и толку атрактивни селекции. За пласман една лига погоре ќе мораат да поминат четири години или два квалификациски циклуси за Европско или Светско првенство.

Од лигите 2020 година ќе обезбедат пласман четири селекции на Европското првенство кое ќе се одигра во повеќе земји.

Мх.П.