Трагедијата во која при уривање на хеликоптер на АРМ кај скопско Катланово животото го загубија единаесет македонски мировници ја потресе македонската јавност. Местото на несреѓата во која нема преживеани попладнево го посетија претседателот Бранко Црвенковски, премиерот Никола Груевски и министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.
на местото на несреќата расфрлани остатоци од хеликоптерот на АРМ
„Се работи за една огромна несреќа, за голема трагедија и огромна загуба. Во овој момент не би имал многу нешто да кажам освен едно длабоко и искрено сочувство до најблиските и до семејствата на настраданите“, рече претседателот Црвенковски
Со семејствата на загинатите сочувствува и премиерот Груевски. „Се случи голема трагедија. Дојде до хаварија, експлозија или се уште не е утврдено што точно се случило со хеликоптер на АРМ што беше во мисија во Босна. Хеликоптерот бил во фаза на слетување кога се случила несреќата. Детали во моментот не можам да кажам освен дека се работи за голема трагедија“, рече премиерот Груевски.
Попладнево Владата одржува итна седница на која за несреќата треба да реферира началникот на Генералштабот на АРМ Мирослав Стојановски.
Нема преживеани во хеликоптерската несреќа
Министерот за одбрана Лазар Еленовски кој е во посета на македонскиот контингент војници во Ирак по веста за нереќата прави напори за итно враќање во земјата. Телеграми со сочувство до македонскиот државен врв и семејствата на загинатите денеска испратија и повеќе претставници на странски амбасади во Македонија.
Истрагара за големата несреќа е во тек. Единаесетмината загинати се враќаа дома по шестмесечното учество во мировната мисија „АЛТЕА“ во Босна. Контингентот го сочинуваа уште 8 војници кои со друг хеликоптер Ми-17 го одложиле враќањето дома за во понеделник.
Г. Момироски
фото: МИА