Од ФИБА Европа се’ уште не ја објавија листата на носители за извлекувањето кое ќе се случи во средината на јануари, но познато е дека ќе има три групи по пет тима. На завршницата директно одат двете првопласирани од сите три групи.
Македонија на последното ЕП беше на 9 место, и според пласманот од тоа првенство во првиот барабан би требало да бидат уште и Полска и В. Британија.
Во квалификациите за ЕП 2011 во Литванија треба да играат Македонија, Полска, В. Британија, Израел, Бугарија, Летонија, Белгија, БиХ, , Финска, Италија, Португалија, Унгарија, Украина, Црна Гора и Грузија.