Македонската кошаркарска репрезентација се најде во привелгирано друштво пред ждрепката за
Европското првенство што в година ќе се игра во Словенија.

Македонските кошаркари се сместени во првиот шешир заедно со селекциите на Шпанија, Франција и Русија, селекции против кои не можеме да играме во
првата фаза од шампионатот во Словенија.

Распоред на шешири:

Втор: Литванија, Грција,
Словенија ,Велика Британија

Трет: Италија, Хрватска,
Германија и Црна Гора,

Четврти: Финска, Полска, Украина и БиХ.

Петти: Грузија,
Белгија, Летонија и Турција.

Шест : Чешка, Израел, Шведска и Србија.

Ждрепка за следното ЕП ќе се одржи на 18 ноември во
пештерскиот комплекс „Постојнска јама“. Шампионатот, ќе се одржи од
4-22 септември следната година и тоа во Цеље, Копер, Јесенице и
Љубљана.