Македонската футсал репрезентација во Бјалско Бала ќе ги стартуваа квалификациските борби за ЕП во Хрватска 2012г. Селекторот Васко Скендеровски истакна дека пред неговите избраници е голем предизвик на овај исклучително силен турнир каде за противници имаме селекции кои се дел од европскиот крем.
– Главен фаворит е Португалија но бидејќи и втората позиција обезбедува учество на ЕП очекувам жестока борба во дуелите со домаќинот Полска и Белорусија . Несомнено дека тие се фаворити , но ако се има предвид фактот дека минавме едни успешни претквалификации со максимален учинок, со позитивни резултати во подготвителните средби , мислам дека со полно право можеме да бидеме оптимисти и да ја израдуваме македонската фудбалска јавност воопшто како прва репрезентација која ќе заигра на голем фудбалски настан.
Во тимот го нема повредениот Насковски кој се повреди на претквалификациите, а на негово место повикан е Крстевски.
– Атмосферата е добра. Играчите на турнирот во Скопје покажаа не само мудрост и зрелост, туку и карактер за постигнување добар резултат на натпревари каде што нашиот менталитет доаѓа до израз, односно против силни селекции да загубиме добиени натпревари -потенцираше Скендеровски.
Според правилата на УЕФА во квалификациите се формираат 6 групи од кои првопласираните селекции заедно со 5-те најдобро второпласирани ќе патуваат за Хрватска на ЕП кое ќе се одржи во Февруари 2012г.
Квалификации за ЕП Група -3 (Полска)
24. Февруари 2011г. Бјалско Бала
16.30ч. Португалија – Македонија
19.00ч. Полска- Белорусија
25. Февруари 2011г. Бјалско Бала
16.30ч. Белорусија – Португалија
19.00ч. Полска – Македонија
27. Февруари Бјалско Бала
15.30ч. Македонија – Белорусија
18.00ч. Португалија – Полска