Македонската фудбалска репрезентација синоќа во терминот на одигрувањето на натпреварот (20.30ч) , теренот на второлигашот Скајд го одржа првиот тренинг во Норвешка каде временските услови се многу поповолни од Шкотска. Од тренингот беа поштедени Јане Николоски кој дефинитивно ќе му го препушти местото на Пачовски и Горан Попов кој се жали на повреда во грбот.
Во ситуација кога Николоски е повреден, а Деспотовски не е во комбинација поради картони против норвежаните ќе истрча следниот состав: Пачовски, Седлоски, Митревски, Новевски, Попов (Петров), Шумуликоски, Грнчаров, Георгиевски, Стојков, Наумовски и Пандев.
– Имаме две принудни замени и една рокада во тимот на позициите на Седлоски и Новевски. Свесни сме за значењето на овој натпревар и ќе направиме се да го прекинеме постот на гостувањата и да постигнеме гол. Ги знаеме квалитетите на противникот кој „киксираше” на Исланд, но сепак и Норвешка има реални шанси да го освои второто место во групата како и ние и Шкотска. Мислам дека и покрај поразот во Глазгов, атмосферата се враќа во тимот, фудбалерите се максимално сериозни во извршувањето на задачите и свесни за задачата што ги очекува. Убеден сум дека со малку повеќе среќа ќе го изненадиме домаќинот– изјави селекторот Јонуз.
Натпреварот се игра в среда со поч. Во 20.30ч. на Улевал Стадионот во Осло кој е со капацитет од 25 илјади места, а домаќинот очекува посета од преку 15 илјади гледачи.
ohridnews