Хрватска, Холандија и Литванија се противниците на Македонија во квалификациите за ЕП 2010 година кое за прв пат ќе се игра во две држави Норвешка и Данска. Македонија ќе игра во седмата група за квалификациите. Најдобрите две репрезентации од секоја група ќе играат на завршниот турнир.
Квалификациските мечеви ќе се играат во три термини од по една недела, и тоа првите две кола во периодот од 14 до 18 октомври 2009 година, 3. и 4. коло од 31 март до 4 април 2010 година, и 5. и 6. коло од 26 до 30 мај 2010 година.
Норвешка како европски првак и Данска како еден од соорганизаторите директно се пласираа на завршниот турнир.
М.П.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com