Попладнево во Нион беа извлечени претквалификациските групи за СП 2012г. во Тајланд каде за првпат ќе настапат 24 репрезентации. Македонија се најде во Е-групата со селекциите на Франција, Црна Гора и Швајцарија.


Квалификацискиот турнир ќе се одигра од 19-23 Октомври во нашата земја а од секоја група во главната квалификациска рунда патуваат првопласираните селекции и двете најдобропласирани.

Доколку Македонија го освои првото место во групата тогаш за противници во главната квалификациска рунда ќе ги добие селекциите на Азербејџан, Украина и Хрватска. Доколку пак го освои второто место можни противници се екипите од 1. Група- Шпанија, Белгија и БиХ или пак од 4. Група каде што се Португалија, Словачка и Литванија.


– За нас секако најважен добриот настап во претквалификациската група која според мене е со изедначен состав. Малку недостасуваше да добиеме полесни противници бидејќи во последниот круг се одлучуваше помеѓу Црна Гора и Албанија, односно Швајцарија и Сан Марино. Сепак го извлековме овој состав со репрезентации со кои добро се познаваме. Франција ја победивме и ремизиравме на последните две пресметки. Со Црна Гора имаме одиграно многу средби и имаме позитивен скор, а на последните две пријателски средби ги совладавме со 2-1 и 4-1, со Швајцарија немаме играно. Генерално гледано , силна и квалитетна група. Според резултатите фаворити сме ние и Франција, но и црногорците не се за потценување бидејќи играат непредвидливо како и Швајцарија која има резултатски подем. Нам ни останува добро да се подготвиме за настап пред домашната публика и да го потврдиме добриот рејтинг што го реализиравме во последните квалификациски настапи. Сметам дека каков пласман ќе постигнеме зависи само од нас самите- изјави по извлекувањето селекторот Васко Скендеровски.

Ohridnews