Македонската машка ватерполо репрезентација денеска ќе го одигра првиот квалификационен натпревар против репрезентацијата на Грција за пласман на Европското првенство во Загреб 2010 година.
Натпреварот со Грција е еден од трите натпревари кои Македонија ќе ги одигра во наредните три дена на квалификациониот турнир во Волос Грција.
Утре ватерполистите ќе играат против Франција а на 2-ти мај против аутсајдерот Словенија.
За да се квалификува на Европското првенство во Загреб, Македонија ќе треба да се пласира на едно од првите две места на табелата.
Македонија во март во Скопје ја победи Грција со резултат 7:6 во натпреварот од Златната лига.
Ohridnews
“Извор Макфакс“
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com