Полјакот Станислав Пигон продолжува да лобира за Македонија. Овој вљубеник во нашата земја има изработена прекрасна веб страница за Македонија (www.macedonialovesyou.com) на која се поместени факти, податоци за Македонија, но и прекрсни фотографии и пејзажи. Деновиве излезе и есенската верзија на страницата.


„Macedonia loves you“ е сопствена веб страница на Станислав Пигон. Покрај ова тој подготвува и водич и ЦД со убавините на Македонија. Пигон вели дека неговата веб страница е многу често посетена и од Грци, но ретки се негативните коментари. Пред две години таа била најпосетена во Полска, па дури ги урнала рекордите на Кока Кола и на Пепси.

Ohridnews