Ватерполо репрезентацијата на Македонија ќе игра во групата Д на Светското првенство кое ќе се одржи во Рим од 19 јули до 1 август годинава, одлучено е денеска со ждрепка во главниот град на Италија. “Црвено жолтите” за противници ги добија селекциите на Италија, САД и Романија.

Во групата А ќе играат репрезентациите на Унгарија, Канада, Германија и Јужна Кореја, во групата Б селекциите на Црна Гора, Хрватска, Кина и Бразил, додека во групата Ц ќе се натпреваруваат Србија, Шпанија, Австралија и Казахстан.

ohridnews