Фудбалската репрезентација на Македонија на жрепката на квалификациските групи за Европското првенство во 2012 година во Полска и Украина ќе биде сместена во четвртиот шешир заедно со селекциите на Словенија, Латвија, Унгарија, Литванија, Белорусија, Белгија, Велс и Кипар.


Жрепката за групите ќе се изврши на 7 февруари во Варшава.

Во квалификациските групи ќе учествуваат 51 репрезентација, кои ќе бидат поделени во девет групи.Во шест групи ќе има по шест екипи, додека три групи ќе сочинуваат по пет репрезентации.

Победниците на групите и најдобрата второпласирана репрезентација директно ќе се пласираат на ЕП. Преостанатите осум второпласирани селекции ќе играат бараж по куп систем.

Носители на групите ќе бидат репрезентациите на : Шпанија, Германија, Холандија, Италија, Англија, Хрватска, Португалија, Франција и Русија