Кошаркарската репрезентација на Македонија извлекувањето на групите за Европското првенство во 2015 година ќе го чека од четвртиот барабан.
Покрај Македонија, во четвртиот барабан се наоѓаат уште и Белгија, Полска и Италија, што значи дека ’црвено-жолтите’ нема да се сретнат со некоја од овие репрезентации во фазата по групи.
Извлекувањето на групите за Евробаскет 2015 ќе биде извршено на 8-ми декември во Дизниленд, Париз. Континеталниот шампионат ќе се одржува од 5-ти до 20-ти септември во четири држави: Франција, Германија, Хрватска и Летонија.
Состав на шеширите:
Барабан 1: Франција, Литванија, Шпанија, Хрватска
Барабан 2: Словенија, Украина, Србија, Финска
Барабан 3: Грција, Турција, Летонија, Босна и Херцеговина
Барабан 4: Македонија, Полска, Белгија, Италија
Барабан 5: Германија, Израел, Чешка, Грузија
Барабан 6: Холандија, Русија, Исланд, Естонија.
„Макфакс“