Заситените масти да бидат застапени со помалку од 10 отсто во дневниот енергетски внес,  трансмасните киселини со помалку од еден процент, а простите шеќери со помалку од 10 отсто во дневниот енергетски внес. Ова се дел од препораките на  Републичкиот завод за здравствена заштита –  РЗЗЗ, за намалување на трендот на прекумерна тежина кај децата и адолесцентите и да ја намали  преваленцата на незаразните заболувања поврзани со исхраната.

РЗЗЗ препорачува внес на 400 грама овошје и зеленчук дневно и помалку од пет грама сол. Исто така, најмалку 50 проценти од доенчињата треба да бидат на ексклузивно доење во првите шест месеци од животот и континуирано хранење со мајчино млеко.

Овие мерки се дел од Вториот Акционен план за храна и исхрана на Републичкиот завод за здравствена заштита што треба да биде спроведен  до 2012 година.

ohridnews