Вечерва во Охрид, на Антички се одржа ждребката за Европското ракометно првенство во жени, кое од 2 до 14 Декември ќе се игра во Охрид и Скопје.

Селекторот на македонската репрезентација Владимир Глигоров ја одбра Д групата во која се наоѓаат уште Србија, Хрватска и Германија.

Еве го изгледот на групите :

Група А    Романија, Унгарија, Франција, Данска

Група Б    Украина, Португалија, Норвешка , Шпанија

Група Ц    Белорусија, Шведска, Русија , Австрија

Група Д    Србија, Хрватска, Германија , Македонија

На церемонијалот свое обраќање имаа претседателот на Европската Ракометна Федерација (ЕХФ) , г. Тор Лиан, претседателот на Македонската Ракометна Федерација (РФМ), г. Труфун Костовски како и градоначалникот на Охрид г. Александар Петрески.

Селекторот на македонската репрезентација  ја “утна гардеробата“за овај настан. Тој на бината се појави несоодветно облечен за церемонијата на извлекувањето (кратки панталони и влечки)

–    Задоволни  сме од ждербката, добро ги познаваме противниците против кои имаме одиграно неколку средби. ЕП е големо натпреварување и ние максиманло ќе се подготвиме за натпреварите и во добро светло ќе ја преставиме Македонија – изјави Глигоров по завршувањето на ждербката.

М.П/Г.М.