Македонската репрезентација најверојатно ќе биде во четвртиот барабан во ждрепката за квалификациите на ЕП што во 2012 година ќе се одржи во Полска и Украина. Според последното рангирање на УЕФА, Македонија е на 37 место од 53 селекции, со коефициент 19,409.


Ждрепката е на 7 февруари во Варшава 2010 г. На ждрепката ќе учествуваат 51 репрезентација, бидејќи Полска и Украина имаат директен пласман. Европскиот првак Шпанија сигурно е во првата шапка. Коефициентите што го одредуваат ранкингот се добиваат по успесите на квалификациите и од финалните дуели на последните три големи натпреварувања. Тоа се СП 2006 (20%), ЕП 2008 (40%) и СП 2010 (40%). За СП 2010 ќе се смета само успехот во квалификациите. Во квалификациите ќе има 6 групи со 6 екипи и три групи со 5 екипи.