На Меѓународниот фестивал за туристички филмови и спотови во Варшава, спотот „Македонија вечна“ на режисерот Милчо Манчевски ја освои првата награда, соопшти продукцијата Сенка.
На фестивалот што го организира Меѓународниот комитет за туризам, учествувале промотивни туристички спотови и филмови од целиот свет.
„Макдонија вечна“ зад кој се крена голема прашина во земјата, започна да се емитува во декември минатата година на Си-Ен-Ен, а официјалната веб страна на спотот досега ја посетиле над половина милион гледачи.