Како по правило најдобар во нашиот табор беше Горан Пандев кој постигна два и намести еден погодок.
Првиот гол Пандев го постигна во шестата минута. На 2-0 зголеми Гроздановски по еден – два комбинацијата со Наумоски. На 3-0 во последната минута од првиот дел зголеми Пандев со вториот гол за него 14 севкупно во македонскиот дрес.На стартот во вториот Наумоски го најде патот кон мрежата за високи 4-0.
Следуваа измени во нашиот табор, по што падна нашата игра, а тоа најдобро го искоритија домаќините кои преку Китенге на 17 минути пред крајот на средбата го постигнаа почесниот погодок.