Македонската кошаркарска ререпрезентација со триумф над Грција 77-75 (15-17, 19-23, 20-18, 23-17) го започна турнирот во Улм, Германија.
Ревашвачки за триумф против големиот ривал надвор од спортските терени беше вториот дел, кој избраниците на селекторот Алеш Пипан го одиграа маестрално. Наспроти првиот кога сеуште ја бараа играта под обрачите македонските херои од последното Европско првенство во Литванија.
Најпрецизен во составот на Македонија беше Лестер Бо Мекклејб со 25 поени, капитенот реализираше 16 додека солиден учинок имаа Војдан Стојановски (11 п.) и Илиевски (10п.).
Во поразениот тим Спанулис уфрли 11, Перпоглу еден повеќе и Кајмакоглу десет кошеви што беше премалку за победа над македонската фаланга.
Мх.П.