Македонската фудбалска репрезентација стави крај на серијата порази откако на „Филип Втори“ ја совлада селекција на Бугарија со 2-0.

„Рисовите“ на источниот сосед отпорот го скршија во финишот на мечот. Најдобриот фудбалер за минатата година Агим Ибраими беше непогрешлив од пенал во 83-та минута додека конечните 2-0 ги постави Александар Трајкоски.

Со триумфот над бугарите се враќа победничкиот дух во селекцијата која во септември има нови задачи во квалификациската група за мундијалот во Бразил следната година.

Мх.П.
фото : „Екипа.мк“