Заврши фудбалскиот турнир во Јемен на кој учествуваа 4 селекции. Б-селекцијата на Македонија забележа една победа против Јемен . Играше нерешено со селекцијата на Оман и загуби од Буркина Фасо.

Првото место по победата во последното коло против Б.Фасо од 2-0 го освои селекцијата на Оман со 7 бода. Втора е Б.Фасо со 4 колку што има и Македонија. Последен е домаќинот Јемен со еден освоен бод.

На последната средба со Јемен , Македонија одигра тактички одлично со многу посед на топката и точни додавања. Единствениот погодок го постигна Хасани Феран во 78м. Хасани беше прогласен за најдобар напаѓач на турнирот и од ФФ на Јемен доби плакета и подарок.

Ohridnews