Македонската кошаркарска репрезентација како трето пласирана ги заврши натпреварите на супер-купот во германски Бамберг.

Избраниците на Јовица Арсиќ во натпреварот за третото место ја совладаа Полска со 95-88.

Најпрецизен со 17 постигнати поени беше Мејси, Војдан Стојановски забележа 15 поени, Перо Антиќ зад своето име запиша 14, Тасовски беше стрелец на 11 поени.

Следниот викенд македонските кошаркари ќе настапат на Ефес купот во Анкара.

ohridnews