Женската сениорска ракометна репрезентација на Македонија со победа го заврши настапот на Панон купот во Унгарија.

Избраничките на селекторот Владимир Глигоров со 26:24 ја победија селекцијата на Австрија и како трето пласирани завршија на „Панон куп“ туринирот.

Во првите две кола бевме убедливо поразени од Хрватска со 37:27 и од селекцијата на домаќинот со 38:29.

Последниот тест избраничките на Глигоров во пресрет на ЕП ќе го имаат на 30 Ноември против репрезентацијата на Шпанија.

Ohridnews