Во пресрет на европското сениорско ракометно првенство македонската спортска јавност се загрева со настапите на најдобрите македонски ракометари.

На првиот натпревар на стартот на квалификациите за учество на претстојното Европско првенство во 2010. година во Австрија.

Избраниците на Темелковски, во салата “Борис Трајковски” ја совладаа Естонија со 31-22 (13-9).

Македонската репрезентација која настапи во “традиционалните“ црвено – бели дресови ја предводеа капитенот Кире Лазаров со 6 постигнати гола и голманот Борко Ристовски кој имаше 17 обрани.

Наредниот натпревар во квалификациите за ЕП, Македонија ќе го одигра како гостин во Полва против Естонија в сабота со почеток од 18 часот.

М.П.