Македонската ракометна репрезентација со победа ги стартуваше квалификациските мечеви за ЕП 2014 година во Данска. Во Скопје во арената “Борис Трајковски“ Македонија ја совлада Швајцарија со 30-24.
Македонските репрезентативци во текот на целиот меч го диктиираа темпото на игра и разликата од минута во минута се зголемуваше. Во средината на вториот дел предноста достигна и до плус 13 (26-13) по што македонските ракометари “дигнаа рачна“.
Следуваше серија грешки кои не ја загрозија нашата победа, но гостите избегнаа поголем пораз.
Македонија во наредната рунда од квалификациите в недела и гостува на Португалија. За тој меч во составот се очекува да се врати повредниот Наумче Мојсоки кој го пропушти мечот во Скопје.
М.П.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com