Фудбалската репрезентација на Македонија минимално со 1:0 ја совлада селекцијата на Србија во рамки на квалификациите за пласман на Светското првенство во Бразил.
Единствениот гол го постигна Агим Ибраими од пенал во второто полувреме.
По четири одиграни натпревари Македонија има 4 бода и се наоѓа на делба на третото место на табелата на која водат селекциите на Белгија и Хрватска со по 10 бода.
Квалификацискиот циклус Македонија ќе го продолжи во март 2013 со двомечот против селекцијата на Белгија.