Селекторот на македонската ракометна репрезентација Ивица Обрван го објави поширокиот список на ракометари за престојниот Мундијал во Катар.


На првиот собир, кој е закажан за недела дена ќе се појават 21 ракометар од кои ќе се бараат најдобрите кои ќе ги бранат боите на Свеското првенство.

Списокот ракометари : Борко Ристовски (Кретеј), Петар Ангелов (Вардар), Никола Митревски (Металург), Дејан Манасков (Металург), Гоце Ојлески (Металург), Гоце Георгиевски (Металург), Влатко Недановски (Вардар Јуниор), Никола Марковски (Металург), Ванчо Димовски (Металург), Стојанче Стоилов (Вардар), Златко Мојсоски (Прилеп), Наумче Мојсоски (Металург), Филип Лазаров (Вардар), Кире Лазаров (Барселона), Ренато Вугринец (Металург), Аце Јоноски (Металург), Велко Маркоски (Металург), Филип Талески (Металург), Филип Миркуловски (Металург), Немања Прибак (Вардар), Никола Стојчевски (Редеберсглидс).

Македонија во групата Б се наоѓа со Хрватска, Босна и Херцеговина, Тунис, Иран и Австрија.

Мх.П.