На списокот ја нема повредената ракометарка Елена Ѓеоргиевски додека по големи и напорни разговори на селекцијата им се приклучи Јулијана Николиќ (Портјанко).
Македонската репрезентација своите натпревари од групата ќе ги игра салата “Чаир“ во Ниш. “Фалангата“ се наоѓа во групата Б со Франција, Шведска и Данска.
Составот :
ГОЛМАНИ: Тања Андрејева, Дијана Наумоска
КРИЛА: Симона Гроздановска, Драгана Пецевска, Драгица Митрова, Матилда Атанасова, Марија Папуџиева
БЕКОВИ: Мирјета Бајрамовска, Душица Георгиевска, Зорица Десподовска, Марија Штерјова, Ивана Саздовски, Билјана Црвенковска, Јулија Николиќ
ПИКЕРИ: Робертина Меческа, Наташа Младеновска.