Кошаркарската репрезентација на Македонија, во Скопје, го заврши првиот дел од подготовките, за настапот на предолимпискиот турнир во Каракас, Венецуела.
Репрезентацијата, во подмладен состав, отпатува за Каунас, а потоа и Клаипеда, каде во наредните денови ќе ги одигра првите пријателски натпревари против Русија, односно Литванија.
Првиот пријателски натпревар е закажан за 14-ти јуни, кога во Каунас, нашиот состав ќе се сретне со репрезентацијата на Русија. Два дена подоцна, односно на 16-ти јуни, Македонија ќе игра и против домаќинот Литванија во Клаипеда.
Селекторот Марјан Лазовски ги објави имињата на 12-те кошаркари кои патуваат за Литванија, а меѓу нив ги нема капитенот Перо Антиќ и Тодор Гечевски, кои побараа малку подолг одмор, како и Владо Илиевски кој во Скопје се рехабилитира од повредата и Бо Мекејлеб кој сé уште има клупски обврски со Монтепаски.
Со тоа, нашата репрезентација ќе настапи со подмладен состав, каде добра шанса ќе добијат неколкумина дебитанти, како Стојан Ѓуроски, Тод Зафировски и Кристијан Николов.
Список на кошаркари кои патуваат за Литванија:
Предраг Самарџиски, Ѓорѓи Чековски, Дарко Соколов, Кирил Николовски, Тод Зафировски, Дамјан Стојановски, Војдан Стојановски, Стојан Ѓуроски, Кристијан Николов, Марко Симоновски,Маркиз Грин, Александар Костоски
ohridnews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com