Македонската ракометна репрезентација со победа над Швајцарија 27-20 (12-8) ги започна квалификациите за Европското првенство во Полска.
Избраниците на македонскиот селекторот Ивица Обрван со доминатна игра во текот на целиот натпревар го оправдаа епитот на фаворит на дуелот со швајцарците и ги запишаа првите бодови на табелата
Убедливиот триумф над „белите“ во првата рунда е вовед за мечот со чешката селекцијата што ги очекува македонските репрезентативци во втората рунда од квалификациите.
Најпрецизен во составот на Македонија беше капитенот Кирил Лазаров со 13 погодоци,четири реализираше крилото Дејан Манасков, а по два постигнаа Стојанче Стоилов, Филип Миркуловски и Ренато Вугринец. Чуварот на мрежата Борко Ристовски запиша фантастични 15 интервенции.
Мх.П.