Македонската кошаркарска репрезентација ја совлада соодветната селекција на Израел со 75-58, во првиот контролен натпревар во рамките на подготовките за настап на Европското првенство во септември.
Во Спортско рекреативниот центар „Билјанини извори“ во Охрид, македонската репрезентација предводена од неодамна именуваниот селектор Марјан Србиновски извојува победа во првата проверка, доминирајќи во текот на целиот натпревар со Израелците, и покрај почетното водство од 8-0 на гостинската селекција
Најефикасен кај македонската селекција беше Александар Костоски со 14 поени, од кои две тројки постигна во финишто на мечот, а го следеа Влатко Илиевски и Дамјан Стојановски со по девет, како и Предраг Самарџиски и Љубомир Младеновски по осум поени.
Македонските кошаркари во сабота ќе одиграат уште еден натпревар во Охрид, против селекцијата на Украина.
Фото : Спортмедиа
Ohridnews