Македонската ракометна репрезентација забележа победа од 26-21 против Австрија на првиот меч од квалификациите за СП 2013 година во Шпанија.

“Црвено-жолтите“ имаа предност во најголемиот дел од мечот ,  а на моменти таа  изнесуваше и до плус осум гола разлика. Но лошата игра во финишот на мечот им дозволи на гостите да стигнат на плус четири. Бауер имаше девет успешни интервенции во овој период, неутрализирајќи го капитенот Лазаров и крилото Темелков.

По тајмаутот на Шундовски, погодија Мојсовски, Алушовски и Димоски за нова предност, но уследи уште еден финален пад по кој моравме да се задоволиме со оваа предност.

М.П.