Македонија ќе има пет свои спортски преставници на Олимписките игри во Рио де Жанеиро кои ќе се одржат од 5 до 21 август.


На потврдените четири спортисти од претходно атлетичарите Ристе Пандев и Дрита Исљами, стрелачката Нина Балабан и Катерина Богдановски им се приклучи пливачката Анастасија Катерина Богдановски.

Сагата околу Марко Блажевски во која се вклучи и Александар Маленко заврши со неповикување на пливачот за престојните игри во Рио.

Македонскиот олимписки комитет (МОК) се уште се нема изјаснато кој спортист високо ќе го развие знамето на отворањето на 35-тите Олимписки игри.

Никој од петте спортисти кои ќе учествуваат во Рио не е со остварена А норма туку со покана односно „вајлд карта“.

Во името на Нина Балабан спортот во Охрид ќе добие трет олимпиец по пливачот Маленко и атлетичарот Реџеп Селман.

Мх.П.