Според веб порталот Мкд.мк најблиску до селекторската функција е најдобриот македонски тренер на денешницата Чедомир Јаневски. Екс фудбалерот на Вардар, Јаневски е првиот македонски тренер кој поседува УЕФА-про лиценца. Како негов помошник Јаневски сака да биде легендата на македонскиот и југословенскиот фудбал Илија Најдовски.
Преставувањето на Јаневски како селектор ќе значи дека Македонија со нови сили ќе започне во квалификациите за мундијалот во Бразил. “Црвено жолтите“ првиот натпревар го играат против Хрватска на 7 септември.