Македонската ракометна репрезентација се наоѓа на 11-та позиција на најновата рејтинг листа од светска куќа на ракометот (ИХФ).

Пласманот на 11-та позиција е најдобар во историјата на македонскиот ракомет, а тоа е така поради континуитет кој македонската селекција го има со учеството на последните завршници од големи натпреварувања.

„Црвено жолтите“ се наоѓаат пред Шведска и Русија, а од десеттата позиција на која се наоѓаат Германија и Исланд заостануваат осум бодови.

Но, тука нема да застане македонската фаланга, која по победата над Грција во првиот натпревар ќе обезбеди ново учество на големо натпреварување овој пат на Светското првенство во Катар.

На првата позиција се наоѓа селекцијата на Данска, втора е репрезентацијата на Шпанинија, а третопласирана е Хрватска.

Мх.П.