Со тениски 0-6 Македонија ги заврши натпреварите на ЕП Б дивизија за млади кошаркарки во Охрид. Македонија не успеаа да се радуваат на победа и по шеститот одигран натпревар на Евробаскетот по што се најде на дното на натпреварувањето.


По последниот пораз од Велика Британија 57-85 “жолто-црвената“ чета е првата кошаркарска селекција од државава што се нашла на самото дно на едно вакво второлигашко натпреварување во младинските категории.

Индолетната македонска репрезентација овој пат беше жртва на расположениот британски состав кој со оваа победа заврши на 9 – место.

Како по некое правило најпрецизна на теренот беше Јелена Антиќ со 20 поени, додека двоцифрени завршија уште Тантуроска 12 п, и Василеска 10 п.

Бардсли со 19 поени го предовдеше “секстетот“ кошаркарки со двоцифрен борј на поени во британската репрезентација .

ohridnews