Македонската ракометна репрезентација направи голем чекор напред кон обезбедување на место во баражот за ЕП во Норвешка.
Синоќа во Ранана во рамките на третото коло како гости ја совладавме репрезентацијата на Израел со 30:28 . Со третата победа во исто толку натпревари останваме на чело на
табелата во 2 група. Наште репрезентативци го контролираа текот на натпреварот
а на моменти имаа и + 6  предност. езултатот по 30 минути игра беш  15:19 во наша корист. Домаќините притиснаа во вториот дел и на 120 секунди пред крајот стигна на -1
27-28. Благодарение на Стојановик кој 2 од 8-те гола постигна во
последните две минути успеавме да извојуваме како злато вредна победа .

Со победа на реваншот во сабота во Скопје , на две кола пред крајот ќе обезбедиме место во баражот кој ќе се игра во јуни .На вториот  натпревар во групата Србија како гостин  без
проблеми го совлада аутсајдерот Луксембург со 40 :23

1. Македонија                 3 3 0 0 98 : 79    21  6
2. Србија                         3 2 0 1 106 : 80   26  4
3. Израел                         2 1 0 1 85 : 96   -11   2
4. Луџембург                   3 0 0 3 74 : 108  -34  0
  

Мирко Постоловски