Македонската кошаркарска репрезентација ја декласираше В. Британија со 75-56 и направи голем чекор кон обезбедување на пласман на континеталниот собир наредната година во Литванија.
Натпревар како од кошаркарските учебници одиграа избраниците на Марин Докузовски, цврсто и пожртвувано во одбраната, разнообразно и атрактивно во нападот, што наиде на овации од седумилјадната публика во арената “Борис Трајковски “ во Скопје.
До петтиот триумф во седум кола “црвено – жолтата“ чета ја предводеше Бо Мек Кејлеб со 20 поени и 4 украдени топки. Квинтетот кошаркари со двоцифрен број на поени го комплетираа Самарџиски 12, Гечески 11 и Мираковски 10.
–
Нема теорија да се загуби натпревар пред ваква публика. Подршката која ни ја даваат дополнително не мотивира. И на овај натпревар покажавме голема желба за победа, гиневме за секоја топка и на крајот повеќе од заслужено се радувавме. Останува уште еден меч онај во БиХ и него ќе се обидеме да го добиеме и како првопласирани да се пласираме во Литванија – рече капитенот Перо Антиќ.
Македонија во претпоследното деветто коло е слободна, а во последното ќе и гостува на репрезентацијата на Босна и Херцеговина во Сараево.
На останатиот натпревар во нашата група Бих со 73-64 ја победи Украина.
М.П.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com