На 21-то Европско атлетско првенство за младинци кое се одржува во естонскиот главен град Талин, од Македонија ќе учествува само Бојан Милчевски.


Милчевски ќе се појави во квалификациската трка на 800 метри. Најдобриот резултат на членот на АК Работнички на патеката од 800 метри изнесува 1,55.58 секунди, постигнат пред околу еден месец на Меѓународен митинг во Софија.

Ohridnews