Во составот на Шкотска го нема фудбалерот на Стоук, Чарли Адам кој беше најавуван како клучен фудбалер на селекцијата. Нападот ќе го предводи Кени Милер додека голманот Меккгрегор ја санирал повредата и ќе се најде меѓу стативите.
Состави :
Македонија : Богатинов, Шиков, Новески, Попов, Георгиевски, Демири, Пандев, Тричковски, Иваноски, Глигоров и Ибраими.
Шкотска : Меккгрегор, Хатон, Диксон, Бера, Калдвел, Морисон, Вебстер, Милер, Мекки, Малони и Форест.
Во првото коло Македонија претрпе минимален пораз од Хрватска додека Шкотска на домашен терен ремизираше без голови со Србија.