Македонскиот ракомет и следната сезона во Лигата на Шампиони ќе има два свои преставници откако Европската куќа на ракометот (ЕХФ) ја прифати апликацијата на нашата на Ракометната федерација за Металург.
ЕХФ не ги заборави успесите на Металург во минатите сезони каде под палката на хрватскиот стручњак Лино Червар два пати во низа стигнуваше до 1/4 финалето.
Покрај „металурзите“ позитивен одговор од ЕХФ добија екипите на Монеплје, ПИК Сегед, Висла, Флензбург, Скјер, Металург и Натурхаус.
Шампионот на Македонија, во случајов Вардар по автоматизам обезбедува директен пласман во групната фаза од Лигата на Шампиони.
Ждребката за изгледот на групите е закажана на 26 јуни во Виена.
Ohridnews