Македонската теквондо ИТФ репрезентација освои две одличја на Европското теквондо ИТФ првенство кое се одржа од 23 до 30 април во Талин, Естонија.

На континенталниот собир учествуваа 1 200 натпреварувачи од 33 земји, а квалитетот беше поголем од очекуваното. Бронзените одличја за македонската ИТФ селекција ги донесе Ацо Јосифоски. Тој се натпреваруваше во ветерани во дисциплините форми за црн појас IV дан и борби до 73 килограми.

Филип Јосифоски кој беше втор преставник на Македонија на Европското првенство во Талин се натпреваруваше во три категории и акумулираше огромно искуство. Во форми за црн јас II дан и специјални техники застана во првата рунда, а во борби до 64 килограми и покрај тешките противници успеа да помине првата рунда. 

– Задоволството е големо, бидејќи по пауза од неколку години успеавме да освоиме медал на Европското првенство. Далеку побројни и поквалитетни селекции немаа можност да се закитат со медал, затоа бронзените одличја вредат злато. – рече тренерот и претседателот на Македонската ИТФ репрезентација Марјанчо Лазеревски, кој исто така му се заблагодари на „ПН Метал“ за поддршката.

OhridNews