Од 23 до 26 јули во Нови Сад (Србија) ќе се одржи 20-то Европско првенство за јуниори-ки до 19 години. На ова првенство ќе настапат двајца македонски претставници со вајлд карта.

Кристијан Ефремов ке трча на 400 метри (личен резултат 50.14 секунди), а на 400 метри во женска конкуренција ќе трча и Христина Ристеска (личен резултат 58.44 секунди).

И двајцата наши атлетичари во квалификациите ќе настапат на 23 јули (четврток). За Нови Сад со нашите атлетичари замина и тренерот Георги Ѓешовски.
ohridnews